Македонците возат на најевтин бензин на Балканот

Bez autora
Apr 23 2013

Македонија е меѓу ретките земји во Европа каде што цената на бензинот е пониска во однос на онаа од крајот на минатата година. Истовремено, споредбената анализа на цените во земјите од регионот покажува дека Македонците се меѓу возачите кои се возат на најевтин бензин. Во земјава од денеска литар БС-95 чини 1,26 евро (78 денари), БС-98 се продава за 1,29, а евродизелот- 1,08 евра. Во однос на ланскиот април, цените на безоловниот бензин од 95 и 98 октани се пониски за 9 денари, а на дизелот за 5,5 денари за литар. Од соседите најскапо се возат Грците, кај кои еден литар бензин од 95 октани се продава за 1,72 евро. Цената на ова гориво во Србија и во Бугарија е 1,35 евро за литар, а албанските возачи плаќаат по 1,30 евро. Убедливо најскапо гориво во регионот има во Турција, каде што еден литар чини 1,98 евро, а најевтино е во Босна и Херцеговина - 1,23 евро. Бензинот од 95 октани е евтин и на Kосово каде што чини 1,25 евро, а на хрватските бензински пумпи „евросуперот 95“ се продава за 1,35 евро.

Македонците возат на најевтин бензин на БалканотМакедонија е меѓу ретките земји во Европа каде што цената на бензинот е пониска во однос на онаа од крајот на минатата година. Истовремено, споредбената анализа на цените во земјите од регионот покажува дека Македонците се меѓу возачите кои се возат на најевтин бензин.

Во земјава од денеска литар БС-95 чини 1,26 евро (78 денари), БС-98 се продава за 1,29, а евродизелот- 1,08 евра. Во однос на ланскиот април, цените на безоловниот бензин од 95 и 98 октани се пониски за 9 денари, а на дизелот за 5,5 денари за литар.

Од соседите најскапо се возат Грците, кај кои еден литар бензин од 95 октани се продава за 1,72 евро. Цената на ова гориво во Србија и во Бугарија е 1,35 евро за литар, а албанските возачи плаќаат по 1,30 евро. Убедливо најскапо гориво во регионот има во Турција, каде што еден литар чини 1,98 евро, а најевтино е во Босна и Херцеговина - 1,23 евро. Бензинот од 95 октани е евтин и на Kосово каде што чини 1,25 евро, а на хрватските бензински пумпи „евросуперот 95“ се продава за 1,35 евро. Црногорците литар гориво ги чини 1,40 евро, а Словенците за истото количество треба да платат 1,49 евро.

Според анализата на руската агенција „РИА новости“, во периодот јануари - март 2013 година цените на бензинот се зголемени во 24 држави во Европа. Агенцијата како референтна точка ја зема цената на безоловниот бензин од 95 октани и ги споредува цените на крајот од декември лани со тие на 31 март годинава. Од Македонија поголем пораст на цената на бензинот од 95 октани има во Kипар (5,2 отсто). Нашиот источен сосед Бугарија е втора по пораст на цените на бензинот за првиот квартал од 2013 година меѓу европските држави (4,4). По неа следува Франција со раст на цената од 4,1 отсто, па Италија (3,7), Норвешка (3,5), Естонија (3,4) и во Финска (3,2). Во овој период горивото поевтини во пет европски земји, најмногу во Унгарија за 1,3 отсто. Поевтино гориво од крајот на 2012 година купуваа и граѓаните на Велика Британија (0,9 отсто), Ирска (1,1), Белгија (0,1) и Австрија (0,1).

Бензинот поевтин за 4,5 денари

Безоловниот бензин „еуросупер БС 95“ од денеска се продава за 78 денари, а „еуросупер БС 98 за 79,5 денари за литар. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РKЕ), бензините поевтинија за 4,5 денари, а дизелот за 3,5 денари.

Новата цена на литар „евродизел“ изнесува 67 денари, а на екстралесното масло за домаќинства 55,5 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 HC се намалува за 2,228 денара за килограм. За килограм од тој енергент ќе се плаќа по 40,2 денари.

Во просек, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат за 5,33 отсто. РKЕ ја донесе одлуката за намалувањето врз основа на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik